Достапни линкови

Порошенко до Западот - Не ги укинувајте санкциите против Русија


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко повика да останат на сила западните санкции против Русија, поради мешањето на Москва во конфликтот во неговата земја. Зборувајќи вчера во Вашингтон, Порошенко рече дека санкциите треба да останат додека не се врати мирот во источна Украина и додека земјата не го врати суверенитетот над Крим, кој пред две години беше анектиран од страна на Русија.

„Сè помалку од тоа би било компромис со вредностите и правдата“, рече тој.

Порошенко посочи дека околу 10 илјади луѓе, од кои 2.700 украински војници, загинале во борбите со проруските сепаратисти во источна Украина во изминатите две години. Во истиот период има 1,8 милиони раселени луѓе од источните региони Доњецк и Луганск.

Порошенко исто така изрази изненадување од одбивањето на меѓународната заедница да ја снабди Украина со воена помош.

Украинскиот претседател во Вашингтон учествува на Самитот за нуклеарна безбедност, чиј домаќин е американскиот претседател Барак Обама. Порошенко денеска треба да се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG