Достапни линкови

Повторно одложена комисиската расправа за извештајот на Јанева


Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска по четврти пат беше одложена поради, како што рече нејзиниот претседател, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, неприсуството на специјалната обвинителка Катица Јанева. На седницата требаше да се расправа за шестмесечниот Извештај за работата на ова обвинителство. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ инсистираат таа да го образложи извештајот, додека Јанева рече дека нема да дојде зашто нема таква обврска.

Пратениците од СДСМ не дојдоа на седницата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески денеска го повтори ставот дека опозициските пратеници ќе присуствуваат на седниците на Комисијата кога ќе биде утврден дневниот ред односно утврдена точката да се разгледува Извештајот на специјалното обвинителство. Тие инсистираат извештајот да се разгледува и без присуство на Јанева.

XS
SM
MD
LG