Достапни линкови

logo-print

Одлуката за притвор покажува дека Судот почна да соработува со Јанева, сметаат дел од аналитичарите, но остануваат уште институции кои и го вртат грбот. Но како и да е СЈО почна да го одмотува криминалното клопче, додаваат тие.

Одбраната на притворениот началник на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи Горан Грујевски поднесе жалба на одлуката за притвор од 30 дена. Од Основниот суд Скопје 1 за Радио Слободна Европа велат дека жалбата е пратена до судијата на претходна постапка кој откако ќе ги комплетира документите за предметот ќе ги достави до Кривичниот совет кој понатаму треба да одлучи по жалбата за притворот.

Ова во суштина значи ослободување, односно смелост судството да се ослободи од сега веќе изнемоштената власт, власта на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ на која и се климаат нозете, и значи на оформирање на едно реално судство, од друга страна пак очигледна е и заканата дека доколку судии не ја реализираат својата работа, очигледно е дека може да бидат субјект на евентуални судења.

Дел од аналитичарите не сакаат да коментираат додека не завршат процедурите и додека не биде готова конечната одлука за притвор.

Додека, пак дел, велат дека вчерашната одлука претставува мала победа на Специјалното обвинителство и почеток на соработка на Судот со тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Аналитичарот Алајдин Демири смета дека одлуката за притвор покажа дека соработката на Судот со Специјалното обвинителство е неминовна.

„Ова во суштина значи ослободување, односно смелост судството да се ослободи од сега веќе изнемоштената власт, власта на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ на која и се климаат нозете, и значи на оформирање на едно реално судство, од друга страна пак очигледна е и заканата дека доколку судии не ја реализираат својата работа, очигледно е дека може да бидат субјект на евентуални судења.“

Фото НоваТВ.

Фото НоваТВ.

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ смета дека притворот значи дека клопчето почнува да се одмотува, и дека постапките на СЈО почнуваат да се реализираат на терен.

„Но сепак сметам дека, неговото апсење, неговото ставање во притвор, не мора да значи дека сите тие луѓе кои се и под истрага и се осомничени дека ќе бидат процесуирани, затоа што клучен играч и еден од тие кои ја раководеле работата на Горан Грујевски е Сашо Мијалков, и мислам дека ставањето на Грујевски во притвор нема да значи ништо се додека Мијалков и сите тие околу него, кои работеле на терен, не бидат исто така ставени во притвор.“

Таа смета дека следните постапки на Судот во однос на другите предмети на СЈО ќе ја покажат вистинската слика.

„Дали Мијалков ќе биде или нема да биде уапсен, по тоа ќе се знае дека ако не биде уапсен Грујевски е жртвено јагне, но ако биде уапсен ќе значи дека правдата почнува да се реализира и го добива својот тек. “

Претходно на распит во Судот за друг предмет на СЈО се појавија и поранешни министри и еден градоначалник, но за нив не беше одредена мерка притвор. Демири вели дека не верува дека во овој случај Грујевски е жртвено јагне, затоа што ова е процес кој само што почна.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG