Достапни линкови

Уапсен познат азербејџански писател


Познатиот азербејџански писател Акрам Ајлисли

Познатиот азербејџански писател Акрам Ајлисли

Познатиот азербејџански писател Акрам Ајлисли е приведен на меѓународниот аеродром во Баку и е спречен да отпатува на фестивал за книжевност во Италија. Азербејџанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 78-годишниот Ајлисли е приведен поради инцидент на аеродромот, но не даде детали. Неговиот син Наџаф Наибов изјави дека граничните полицајци му рекле на татко му дека му е забрането да ја напушти државата.

Ајлисли е под притисок од владата од 2012 година, како го објави романот „Камени соништа“, кој се фокусира на судирот меѓу Азербејџанците и Ерменците во Баку и во Нагорно-Карабах, област со мнозинство ерменско население која де факто се отцепи од Азербејџан на почетокот на 90-тите години од минатиот век. По објавувањето на романот, на Ајлисли му беа одземени титулата „Национален писател“ и националната пензија која ја доделува претседателот на државата. Исто така беше исклучен од Друштвото на писателите на Азербејџан.

Во 2013 година, една провладина партија понуди награда од 12.700 долари за оној што ќе му исече едно уво на писателот.

XS
SM
MD
LG