Достапни линкови

logo-print

Судот не дозволува претрес во домот на Грујевски


Основниот суд Скопје 1 одлучи дека е правилна одлуката на судијата во претходна постапка, кој го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за претрес на станот на шефот на петтата управа на УБК, Горан Грујевски, со образложение дека СЈО има ограничени надлежности, но и поради тоа што не конкретизирале што ќе бараат за време на претресот.

„Веројатноста со претресот да се постигнат одредени резултати, мора да претходи на основаното сомневање дека е извршено конкретно кривично дело кое произлегува од незаконското следење на комуникации, дотолку што не може да се преземе претрес за да се пронајдат основите на сомневање“, информира судот.

XS
SM
MD
LG