Достапни линкови

logo-print

Хамонд - Русија е закана за сите на светската сцена


Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд и грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд и грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд денеска изјави дека Русија претставува закана за сите на светската сцена поради непочитувањето на меѓународните норми. Зборувајќи на прес-конференција во главниот град на Грузија, Тбилиси, Хамонд рече дека Русија ги игнорира нормите на меѓународно однесување и ги крши правилата на меѓународниот систем.

„Тоа претставува предизвик и закана за сите нас“, рече тој.

Хамонд ова го кажа, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија сè уште претставува закана за земјите од регионот, како Грузија или балтичките земји. Тој ја повика Москва да игра конструктивна улога на светската сцена и да ги почитува „правилата на меѓународниот систем“.

Грузија водеше краткотрајна војна со Русија во 2008 година.

Хамонд се сретна со грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили и го посети Јужнокавкаскиот гасовод, кој е управуван од британскиот енергетски гигант Бритиш петролеум.

XS
SM
MD
LG