Достапни линкови

logo-print

Назарбаев бара укинување на визите од ЕУ за казахстанските граѓани


Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, го пофали претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за „целосно разбирање“ на прашањата за кои двајцата политичари разговарале денеска во Брисел. Назарбаев по средбата изјави дека станало збор за ратификацијата на спогодбата за засилено партнерство и соработка меѓу ЕУ и Казахстан потпишана во декември минатата година, како и за санкциите против Русија поради нејзините постапки во Украина. Назарбаев рече дека го повикал Јункер да помогне за укинување на визите за казахстанските граѓани кои патуваат во ЕУ, како чекор на добра волја, откако Казахстан летоска ги укина туристичките визи за граѓаните на САД и на ЕУ. Назарбаев ги поздрави поблиските врски со ЕУ, но нагласи дека Русија и Кина остануваат клучни партнери на неговата земја.

XS
SM
MD
LG