Достапни линкови

Али Хаменеи - Ракетите, а не преговорите, се клучот за иднината


Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи, изјави дека ракетите, а не преговорите, се клучот за иднината на неговата земја. Во коментарот објавен на неговата интернет страница денеска, тој изразува поддршка за напорите на Иранската револуционерна гарда за развивање на балистички проектили.

„Тие коишто велат дека иднината е во преговорите, а не во ракетите, се или неуки или предавници“, вели ајатолахот.

Последните тестирања на балистички проектили од страна на Иран предизвикаа остри критики од САД, Велика Британија, Франција и Германија, кои ги оценија како „дестабилизирачки и провокативни“, поради тоа што ракетите може да носат нуклеарни боеви глави. Русија го поддржа Иран, велејќи дека тестирањата не се во спротивност со одлуките на Советот за безбедност на ОН. Иран негира дека проектилите се наменети да носат нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG