Достапни линкови

Осум дена притвор за киднаперот на египетскиот авион


Судот во Кипар денеска му одреди осумдневен притвор на Египќанецот кој вчера го киднапираше авионот „ИџиптEр“ и го пренасочи на Кипар со закана дека ќе го разнесе со експлозивен појас. Осомничениот, кој властите го идентификувале како Сеиф Един Мустафа (59), е обвинет за киднапирање, нелегално поседување на експлозив и закана со насилство, пренесе Танјуг.

Вчерашната шестчасовна драматична киднаперска криза се заврши мирно кога киднаперот ги ослободи сите 72 патници и членови на екипажот.

Обвинителот Андреас Ламбриану рече дека осомничениот ја прашал полицијата „што треба да направи некој кој не си ги видел жената и децата 24 години, а египетската Влада не му го дозволува тоа“.

XS
SM
MD
LG