Достапни линкови

Нимиц: по изборите во јуни услови за решавање на спорот со името


Посредникот на ОН во спорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија Метју Нимиц смета дека по изборите во јуни повторно ќе се создадат услови за решавање на тој проблем. Тој во интервју за телевизијата СКАИ, што го пренесува „Катимерини“ наведува дека миграциската криза го прави уште позначаен моментот за решавање на проблемот, дополнувајќи дека доколку тој беше решен досега двете земји ќе беа партнери во ЕУ и НАТО, а бегалскиот проблем ќе беше надминат поефикасно. На прашањето кога ќе седне на преговарачка маса со двете страни, Нимиц истакна дека во моментов во Македонија има привремена Влада со мандат да организира избори на почетокот на јуни и изрази убедување дека ќе биде организиран неоспорен и фер избирачки процес, по што ќе биде формирана нова влада. „Кога ќе биде формирана нова влада, верувам дека Атина и Скопје ќе се сретнат со мене и ќе вложиме сериозен напор за решавање на овој проблем“, вели Нимиц.

XS
SM
MD
LG