Достапни линкови

Ердоган во САД, несогласувањата растат


Ердоган во САД, несогласувањата растат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Ердоган во САД, несогласувањата растат

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Вашингтон ќе се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден, но се уште е неизвесно дали ќе има директна средба и со претседателот Барак Обама. САД и Турција не се согласуваат, меѓу другото и околу американската поддршка на Курдите во Сирија.

Ердоган, кој ќе биде еден од 50 светски лидери кои ќе учествуваат на Самитот за нуклеарна безбедност, во вторникот пристигна во Вашингтон. Турските медиуми шпекулираат во врска со тоа дали тој ќе има средба и со Обама.

Некои сугерираат дека ако не дојде до таква средба, тогаш тоа значи дека Соединетите Држави намерно ја прескокнуваат поради разликите во врска со Сирија и американската загриженост во врска со насоката на турската внатрешна политика.

На прес-конференцијата во Истанбул, пред неговото заминување за Соединетите Држави, Ердоган изјави дека ќе се сретне со Обама на нуклеарниот самит како што впрочем и било планирано.

Потпретседателот на САД Џо Бајден за време на неговата посетата на Турција во јануари годинава изјави дека Анкара поставува лоши примери со застрашувањето на медиумите и со обвинувањата академски граѓани за предавство.

Но, подоцна во Вашингтон беше соопштено дека домаќин на Ердоган ќе биде американскиот потпретседател Бајден и оти двајцата претседатели, Ердоган и Обама ќе имаат можност да разговараат, но на самитот.

НАТО членката Турција е дел од коалицијата предводена од Соединетите Држави во борбата против милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

Меѓутоа, Вашингтон и Анкара остро се поделени околу улогата на курдските борци на северот на Сирија.

Тие ја имаат поддршката на американската армија, но Анкара смета дека тоа е закана за турската национална безбедност. Вашингтон ги интензивира и критиките во врска со почитувањето на слободата на изразување во Турција.

Бајден за време на неговата посетата на Турција во јануари годинава изјави дека Анкара поставува лоши примери со застрашувањето на медиумите и со обвинувањата академски граѓани за предавство.

Ердоган, пак, во вторникот рече дека би сакал американските власти да преземат чекори против мрежата училишта на движењето поврзано со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.

Тој е турски свештеник кој живее во Соединетите Држави и кој во Турција е обвинет за водење таканаречена „паралелна држава“ и за заговор за соборување на власта во земјата.

Ердоган своевремено му беше сојузник на Ѓулен, чие движење има мрежа на училишта во светот.

Двајцата се искараа откако Ердоган оцени дека полицијата и обвинителството му се наклонети на Ѓулен.

Тие претходно, односно во 2013 година започнаа истрага за корупција во блиските кругови до Ердоган.

Ѓулен, кој се соочува со обвиненија за тероризам во Турција, негира дека неговите следбеници се обидуваат да го собори Ердоган.

Во меѓувреме, Стејт департментот и Пентагон им наредија на семејствата на американските дипломати и на воениот персонал да заминат од јужна Турција поради зголемени терористички закани. Се прецизира дека тоа особено важи за градовите Адана, Инџирлик, Измир и Мугла.

Пентагон појасни дека станува збор за мерка на претпазливост со цел да се зачува безбедноста на американските семејства во тој регион. Претходно Вашингтон издаде предупредување до американските граѓани да не патуваат во Турција.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG