Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: американците да ја напуштат јужна Турција


Стејт департментот и Пентагон им наредија на семејствата на американските дипломати и на воениот персонал да заминат од јужна Турција поради зголемени терористички закани. Се прецизира дека тоа особено важи за градовите Адана, Инџирлик, Измир и Мугла. Пентагон појасни дека станува збор за мерка на претпазливост со цел да се зачува безбедноста на американските семејства во тој регион. Претходно Вашингтон издаде предупредување за патување на американски граѓани во Турција.

XS
SM
MD
LG