Достапни линкови

Русија не учествува на нуклеарниот самит во Вашингтон


Русија, земја која има најголем нуклеарен арсенал во светот нема да учествува на самитот за нуклеарна безбедност што утре почнува во Вашингтон. Станува збор за четврти и можеби последен таков состанок на високо ниво што има за цел спречување терористичките организации да дојдат до нуклеарен материјал. Москва учествуваше на претходните три, но во јануари годинава соопшти дека нема да испрати делегација во Вашингтон. Според руското министерство за надворешни работи ваквите самити се мешање во работата на другите организации како на Меѓународната агенција за атомска енергија.

XS
SM
MD
LG