Достапни линкови

Хашкиот трибунал предвреме ќе ја ослободи Хартман


Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Хартман, која беше уапсена во минатата недела, ќе биде ослободена пред време. Таа беше уапсена на 24 март пред Хашкиот трибунал додека со членовите на семејствата на жртвите го чекаше објавувањето на пресудата на лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ. Хартман е уапсена поради прекршување на забрана за пристап до Трибуналот. Во 2009 година таа беше осудена на казна од 7.000 евра за непочитување на судот, бидејќи во книгата „Мир и казна“ и статијата „Скриени клучни докази за геноцид“ открила доверливи судски информации. Хартман одби да ја плати паричната казна и казната беше трансформирана во седум дена затвор.

XS
SM
MD
LG