Достапни линкови

logo-print

Путин повика на обнова на воено-техничката соработка со Европа


Рускиот претседател Владимир Путин ги повика европските земји да ја обноват, како што рече, воено-техничката соработка со Русија. Путин денеска рече дека никој нема корист од отсуството на соработка. Тој ова го кажа на состанокот на претседателската комисија за воено-техничка соработка.

„Воено-техничката соработка со европските држави речиси целосно е запрена, не по наша иницијатива“, рече Путин, изразувајќи надеж дека тоа е „привремен феномен“.

Западните власти воведоа санкции против руски компании и поединци поради руската анексија на Крим и вмешаноста во конфликтот во источна Украина.

Путин рече дека враќањето на соработката меѓу Русија и Европа ќе биде во интерес на сите страни и дека тоа „дефинитивно ќе ја засили меѓусебната доверба“.

XS
SM
MD
LG