Достапни линкови

Судир меѓу полицијата и бегалците на Идомени


Бегалците и мигрантите денеска се судрија со грчката полиција, која се обидувала да ги отстрани од железничките шини во Идомени, јави АНА. Грчката новинска агенција наведува дека судирите избиле попладнево, кога полицијата тргнала да ја прекине блокадата на пругата која води кон македонската граница, а која во последните 11 дена е запоседната од бегалци и мигранти кои бараат отворање на границата. Демонстрантите реагирале насилно кога полицијата ја почнала акцијата и почнале да фрлаат камења кон полицајците. Судирот уследил откако полицајците уапсиле една жена и ја ставиле во патролното возило, по што бегалците ги нападнале полицајците и ја извлекле жената од автомобилот.

XS
SM
MD
LG