Достапни линкови

МАН - Го подржуваме предлогот на ММА доставен до Собранието


Претставници на Македонската асоцијација на новинари

Македонска асоцијација на новинари(МАН) денеска соопшти дека го поддржува предлогот за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги што до Собранието го достави Македонската медиумска асоцијација (ММА).

„Истовремено оценуваме дека ЗНМ и Насер Селмани продолжуваат да ја одработуваат партиската агенда на СДСМ преку Питер Ванхауте и предлагаат цензорски закон за медиуми“, се наведува во соопштението од МАН.

ЗНМ и четири други медиумски организации вчера до Собранието доставија предлог закон за медиуми. СДСМ денеска соопшти дека го предложиле истиот закон и побараа итна седница за тој да се донесе по скратена постапка.

XS
SM
MD
LG