Достапни линкови

Нема време за прочистување на избирачкиот список или нема „фантоми“?


СДСМ денеска ја повика Државната изборна комисија да го соопшти патоказот и роковникот по којшто ќе се пречистува Избирачкиот список и да каже дали за изборите закажани на 5 јуни може да има веродостоен Избирачки список.

„Со консензус ДИК констатираше дека има над 330 илјади сомнителни гласачи. Тоа е најсериозна потврда дека последните неколку изборни циклуси во Македонија се нелегитимни. Од овие 330 илјади сомнителни гласачи, 124 илјади не се проверуваат воопшто. До денес ДИК не даде образложение зошто овие гласачи не се проверуваат“, изјави потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека како меур од сапуница се распрскала големата лага со која СДСМ две години ги уценуваше граѓаните и ја држеше во заложништво цела држава. Партијата посочува дека на сите им е јасно дека нема „фантомски“ гласачи, посочувајќи дека на списокот „спорни гласачи“ има поранешни функционери и луѓе блиски до СДСМ.

Со ова, стои во соопштението на владејачката партија, потонаа и последните лаги на СДСМ кои започнаа уште пред изборите во 2014-та година кои Заев и СДСМ ги прогласија за нерегуларни во 19:01 со изговор дека „фантомски гласачи“ им ја украле победата.

XS
SM
MD
LG