Достапни линкови

Тензии меѓу Германија и Турција поради сатирична песна против Ердоган


Сатиричната песна против Ердоган на германската телевизија

Сатиричната песна против Ердоган на германската телевизија

Берлин и Анкара влегоа во дипломатски конфликт, откако германскиот амбасадор во Турција, Мартин Ердман бил повикан во турското Министерство за надворешни работи каде што му била врачена протестна нота. Турција протестираше поради песна во која се исмева турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, емитувана на германската државна телевизија АРД. Официјална Анкара побара од амбасадорот Ердман да биде запрено емитувањата на песната, која, според турските власти, претставува навреда на турските институции и државата Турција.

Во песната на германски јазик, што се уште може да се најде на веб страницата на телевизијата АРД и на социјалните медиуми, индиректно се критикуваат случаите на апсење новинари, поради наводни политички разлики, несоодветниот начин на спречување на протести и методите со кои Турција се справува со курдските бунтовници, кои, според авторите на композицијата, се полоши и од начинот на кој земјата се бори со Исламската држава. Во видео спотот за песната е прикажан претседателот Ердоган како паѓа од коњ.

Претседателот на германската Федерација на новинари. Франк Оберал во врска со реакциите од Турција изјави дека „Ердоган очигледно ја загубил контролата“ и додава дека „прогонот на новинари е горчлива реалност во Турција“.

Анкара е главен партнер на Германија и ЕУ во обидот да се запре бегалската криза, за што Турција ќе добие шест милијарди евра финансиска помош, олеснување на визниот режим за влез на турски граѓани во ЕУ и забрзување на преговорите за влез во Унијата.

XS
SM
MD
LG