Достапни линкови

logo-print

ЕК - Бегалскиот бран од Турција кон ЕУ е драстично намален


Бегалскиот бран од Турција кон земјите од ЕУ е драстично намален, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто на прес-конференција во Брисел.

„Драстичното намалување на миграцискиот прилив од Турција кон Грција ни дава надеж. Минатата недела пристигнале помалку од илјада лица, а претходните недели просечно пристигнуваа по две илјади дневно“, истакна Берто.

Според неа, ЕУ и Турција моментно работат на реализирање на меѓусебниот договор, кој е постигнат на 18 март.

„Враќањето на илегалните мигранти во рамки на договорот за реадмисија меѓу Грција и Турција продолжува. Седумдесет и шест илегални мигранти беа вратени на 24 март, а 71 на 25 март“, додаде портпаролката на ЕК.

Таа истакна дека земјите од ЕУ се подготвуваат од 4 април да започнат процес за прифаќање на сириски бегалци од Турција во Унијата.

XS
SM
MD
LG