Достапни линкови

ДИК го објави списокот на луѓе кои теренски се проверуваат


Државната изборна комисија на својата веб-страница го објави списокот на неконзистентни записи - Предмет на теренски проверки. Списокот содржи име, презиме и адреса. Според Љупка Гугучевска, советник во ДИК, на списокот има над 100 илјади неконзистентни записи за над 89 илјади граѓани. Објавувањето на списокот предизвика преоптовареност на веб страницата на ДИК поради што повремено тој не е во функција или не се отвора документот со некозистентни записи. Анкетирањето на терен, пак, според информациите од ДИК, денеска се одвива без проблеми.

XS
SM
MD
LG