Достапни линкови

Штајнмаер на централноазиска турнеја


Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, кој е и претседавач со ОБСЕ, утре ќе ја започне турнејата низ Централна Азија, информира германското МНР. За време на тридневната регионална турнеја, тој ќе ги посети Узбекистан, Киргистан и Таџикистан. Во соопштението се наведува дека борбата против тероризмот, регионалната соработка и економските односи ќе бидат високо на агендата на разговорите на Штајнмаер во регионот.

Во пресрет на посетите, германскиот министер оцени дека Централна Азија е „регион од стратешка важност“ со своите „огромни бизнис можности“, како и со „значителните ризици за [светската] безбедност“. Тој рече дека регионот е место каде што се среќаваат „интересите на големите регионални сили Русија, Кина и Иран“.

XS
SM
MD
LG