Достапни линкови

Стратешко партнерство меѓу Кина и Чешка


Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот чешки колега Милош Земан во Прага

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот чешки колега Милош Земан во Прага

Кинескиот претседател Си Џинпинг и потпиша договор за стратешко партнерство за време на неговиот престој во Чешка. Кинескиот претседател го потпиша договорот со неговиот чешки колега Милош Земан денеска во Прага. Чешка е единствената држава што Си Џинпинг ја посети во Европа, пред да замине во САД.

Аналитичарите велат дека тоа го одразува бизнис ориентираниот пристап на Чешка кон Кина сега, за разлика од времето на претседателот Вацлав Хавел кој беше истакнат поборник за човекови права.

Земан беше единствениот лидер од ЕУ кој присуствуваше на минатогодишната прослава во Кина по повод годишнината од завршувањето на Втората светска војна, при што изјави дека се надева дека неговата земја ќе стане порта за влез на Кина во ЕУ.

Тој рече дека зделките договорени за време на посетата на кинескиот претседател може оваа година да донесат кинески инвестиции во земјата од 3,9 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG