Достапни линкови

Големи апсења по терористичкиот напад во Лахоре


Повеќе од пет илјади осомничени милитанти биле уапсени по самоубиствените бомбашки напади во преполн парк во Лахоре на Велигден, во кои загинаа најмалку 70 луѓе, соопшти денеска министерот Рана Санаула од провинцијата Пенџаб. Најголемиот дел од уапсените подоцна се ослободени, но 216 луѓе се задржани во притвор. Одговорноста за нападите од 27 март ја презеде организацијата Џамаат-ур-Ахрар, соопштувајќи дека цел биле христијаните кои славеле Велигден. Организацијата предупреди дека ќе ги засили нападите.

XS
SM
MD
LG