Достапни линкови

Владата го зголеми долгот за нови 20 милиони евра


Владата денеска се задолжи за нови 25,3 милиони евра, иако побара помалку од 12 милиони евра. На крајот на неделава за враќање доспеваат 5 милиони евра. Дополнителниот заменик министер за финансии од СДСМ, Кире Наумов, реагира дека владата само денеска ги задолжила граѓаните за нови 20 милиони евра.

„Ако се има предвид дека се наоѓаме пред крај на месец, кога скоро сите месечни исплати од буџетот се реализирани, а би требало да бидат изразени приливите во буџетот, тогаш единствен заклучок кој се наметнува е дека во овој момент буџетот на Република Македонија е пред финансиски колапс“, реагира Наумов.

Тој посочува дека ако се продолжи со оваа динамика, дефицитот до крајот на годината ќе изнесува повеќе од 420 милиони евра, со што јавниот долг ќе се приближи до 5 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG