Достапни линкови

logo-print

СДСМ бара итна седница за носење закон за медиуми


Опозицискиот СДСМ денеска најави дека ќе поднесе Предлог–закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во скратена постапка. Пратеникот Горан Сугарески од СДСМ рече дека бараат одржување на итна седница на Собранието за да се донесе законот. Тој вели дека нивниот предлог е идентичен со оној што вчера го предложија петте новинарски и медиумски организации. Сугарески рече дека за да има услови за фер и демократски избори, мора да бидат избрани и конституирани новите членови Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Советот на МРТВ. Без регулација на медиумите и без прочистен избирачки список нема да има фер и демократски избори, рече тој.

XS
SM
MD
LG