Достапни линкови

Нова демократија бара од грчката влада јасен став за спорот за името


Пратеникот на грчката опозициска партија Нова демократија Јанис Кефалојанис, кој е одговорен и за надворешната политика на партијата, побара од грчката Влада јасно да го каже својот став за прашањето за името на Македонија.

По вчерашната изјава на пратеникот на Сириза, Макис Балаурас, дека тој не би ја отфрлил можноста името на нашата земја да биде и само Македонија, Кефалојанис упати пратеничко прашање до Владата на Ципрас во кое бара да се изјасни дали ваквите ставови го рефлектираат мнозинството во Сириза, дали се поддржуваат вакви „лични мислења“ или се работи за „јазични лапсуси“. Според него, со ваквите изјави „се додаваат аргументи на непопустливоста на Скопје, се зајакнуваат историски неточни претпоставки за македонизмот на Скопје и се поткопува националниот став формиран во април 1993 година“.

Владата на Ципрас се дистанцира од изјавата на Балаурас и повтори дека позицијата на официјална Атина останува име со географска одредница за севкупна употреба.

XS
SM
MD
LG