Достапни линкови

Три деца на сириски бегалци загинале во пожар во Турција


Илустрација

Илустрација

Три деца на сириски бегалци загинаа, а шестмина се здобиле со изгореници при пожар во бегалски камп во близина на турско-сириската граница, јави Анадолија. Агенцијата информира дека пожарот избувнал денеска во камп кој се наоѓа во близина на градот Дерик во округот Мардин, во кој се згрижени околу 20 илјади бегалци. Причината за пожарот сè уште не е утврдена. Децата кои загинале биле на возраст меѓу 3 и 8 години.

Турските медиуми потсетуваат дека друго дете загина во камп минатата седмица, за време на друг пожар, кој уништил 21 шатори.

Околу 2,7 милиони бегалци од Сирија заминаа во Турција, што ја направи оваа земја со најголем број бегалци во светот.

XS
SM
MD
LG