Достапни линкови

Аневски настојува да ја дискретитира Јанева


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Советот на јавни обвинители и други постојано ја напаѓаат и уценуваат Јанева, но не можат да преземат мерки надвор од Законот, оти тој и нуди висок степен на автономија и таа не мора јавно да одговара на нивните барања.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева иако во јавноста постојано е под критика дека треба јавно да даде отчет пред Советот за јавни обвинители и во Собранието, Законот тоа не го предвидува. Советот на Јавни обвинители повторно ја повика Јанева да се појави на утрешната седница, а доколу таа не го направи тоа најверојатно нема да ги добие предметите за „Маѓар Телеком“ и „Шпион“.

Целта е на одреден начин да се дискредитира Јанева и на одреден начин да понижи пред јавноста и да се омаловажи нејзината работа и да стекне едно мислење во јавноста дека тоа Јавно обвинителство не постапува според законите и тоа Јавно обвинителство не е стручно и итн. Тоа им е целта на нив, не им е сигурно извештајот.
Темелко Ристески, универзитетски професор.

ВМРО-ДПМНЕ во медиумите постојано ја напаѓа Јанева дека одбива да го образложи извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство и да одговори на прашањата на пратениците. Согласно Законот Јанева е одговорна за работата пред Собранието и пред Советот на Јавни обвинители, но е наведено само дека треба да поднесува извештај за нејзината работа секои шест месеци и да даде опис за напредокот во истрагата или гонењето. Во Законот нема одредба дека Јанева треба да одговори на таквите барања.

Професор Темелко Ристески вели дека, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Јавното обвинителство кое е под влијание на владејачката партија, не можат да преземат никакви мерки против Јанева надвор од законот.

„Со одредбите на Законот за Специјално јавно обвинителство е овозможен висок степен на автономија на Специјалната јавна обвинителка, со цел таа да биде што е можно поефикасна во процесуирањето на кривични дела кои произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите“, вели Ристески.

Ристески додава дека Јанева веќе поднесе извештај за својата работа и нема одредба во Законот за негово усно појаснување, туку ако има потреба може тој писмено да се дополни. Согласно досегашното однесување на Советот на Јавни обвинители и на партиите во Собранието, според него може да се очекува оти Јанева е повикана со цел да биде избламирана.

„Целта е на одреден начин да се дискредитира Јанева и на одреден начин да биде понижена пред јавноста, да се омаловажи нејзината работа и да се стекне едно мислење во јавноста дека тоа Јавно обвинителство не постапува според законите и тоа Јавно обвинителство не е стручно и итн. Тоа им е целта на нив, не им е сигурно извештајот“, додава Ристески.

Во Законот е наведено и дека Јавниот обвинител, во случајот Јанева, може да се разреши пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. За тоа да се спроведе треба Советот на Јавни обвинители да достави извештај до Собранието и со согласност на четирите најголеми партии да биде поднесен предлог за нејзино разрешување, кој би требало да биде поддржан со двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG