Достапни линкови

Флоренс Хартман во хашкиот затвор најмалку до крајот на неделава


Поранешната портпаролка на хашкото обвинителство Флоренс Хартман

Поранешната портпаролка на хашкото обвинителство Флоренс Хартман

Поранешната портпаролка на хашкото обвинителство Флоренс Хартман ќе остане во хашкиот затвор најмалку до крајот на неделава, информира нејзиниот адвокат. Таа беше уапсена пред зградата на трибуналот во Хаг на 24 март во пресрет на изрекувањето на пресудата за поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ. Хартман беше портпаролка на обвинителството во првата деценија од овој век, но потоа објави книга во која тврди дека судот има таен договор со Србија. Трибуналот во 2009 година ѝ изрече пресуда за непочитување на судот со откривање на доверливи материјали.

XS
SM
MD
LG