Достапни линкови

Двајца азербејџански војници убиени кај Нагорно-Карабах


Илустрација: Нагорно-Карабах

Илустрација: Нагорно-Карабах

Двајца азербејџански војници биле убиени во судирите со ерменската армија во последниот од низата судири околу спорниот регион Нагорно-Карабах, информираат азербејџански воени претставници. Министерството за одбрана соопшти дека еден војник и еден офицер загинале вчера, кога ерменските сили се обиделе да ја преминат границата. Ерменија, пак, тврди дека азербејџанските сили нападнале неколку села во близина на границата, повредувајќи еден цивил.

Азербејџан и Ерменија војуваа во 90-тите години од минатиот век по распадот на Советскиот Сојуз, при што ерменските сили ја презедоа контролата врз планинските предели на Нагорно-Карабах. Околу 30 илјади луѓе загинаа, а многу повеќе беа раселени. Долгогодишните напори на Франција, Русија и САД не вродија со плод и конфликтот сè уште не е разрешен.

XS
SM
MD
LG