Достапни линкови

Турција изминатите недели осуетила повеќе напади


Турција осуетила потенцијални напади изминатите недели, вклучувајќи и планирани самоубиствени бомбашки напади, изјави портпаролот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калан на прес-конференција во Анкара.

Турција беше погодена од неколку бомбашки напади оваа година, во кои беа убиени 80 лица. Во последниот напад, на 19 март во Истанбул, загинаа тројца израелски туристи и еден Иранец. Израел ги советува своите граѓани што е можно поскоро да ја напуштат земјата, изразувајќи стравување од нови напади.

XS
SM
MD
LG