Достапни линкови

Продолжена кризната состојба на северната и јужната граница


Собранието денеска ја донесе одлуката со која се продолжува кризната состојба на јужната и на северната граница на Македонија поради мигрантската криза до 31 декември годинава. Како што образложи министерот за одбрана Зоран Јолевски, продолжување на кризната состојба е поради зголемен обем на влез и транзитирање мигранти низ територијата на Македонија. Целта е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

XS
SM
MD
LG