Достапни линкови

logo-print

Обнова на Палмира е можна за пет години


Syria - A general view taken on March 27, 2016 shows part of the remains of the Arc de Triomph (Triumph Arc) monument

Syria - A general view taken on March 27, 2016 shows part of the remains of the Arc de Triomph (Triumph Arc) monument

Урнатините од древниот град Палмира во Сирија може да бидат обновени за пет години, изјави сирискиот шеф за антиквитети Мамун Абдулкарим. Тој денеска е на пат кон Палмира, еден ден откако сириските сили и провладините милиции, поддржани од руската авијација, ја вратија контролата врз градот од Исламската држава.

„Ако добиеме одобрение од УНЕСКО, ќе бидат потребни пет години да се обноват објектите оштетени или уништени од Исламската држава“, рече денеска тој.

За време на 10-месечната контрола врз Палмира, Исламската држава уби голем број локални жители и уништи артефакти од непроценлива вредност, стари повеќе од 1800 години, меѓу кои и познатата римска Триумфална капија.

Сè уште е непознат степенот на оштетување, иако се вели дека голем дел од историските урнатини на градот се неоштетени. Абдулкарим изјави дека „пејзажот во принцип е во добра форма“, но оти властите „го очекувале најлошото“.

Сириски воен претставник, за новинската агенција Асошиејтед прес, денеска изјави дека деминерите денеска почнале со чистење на бомбите и мините што милитантите на Исламската држава ги оставиле во Палмира. Претставникот, кој инсистирал на анонимност, вели дека има поставено мини во поголемиот дел на Палмира, вклучително и во станбените области и во историскиот дел на градот.

XS
SM
MD
LG