Достапни линкови

logo-print

Штајнмаер со критика за затворањето на балканската бегалска рута


Франк-Валтер Штајнмаер

Франк-Валтер Штајнмаер

Затворањето на таканаречената балканска рута, по која во Германија пристигаа бегалците, лошо се одрази врз Грција. Европа не треба своите проблеми да ги решава на ваков начин, изјави шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер во денеска објавеното интервју за изданијата на медиумската група „Функе“, информира ТАСС. Тој вели дека во Централна Европа пристигнуваат помалку бегалци затоа што се заседнати во Грција, каде што има лоши хуманитарни услови.

„Да ги решаваме проблемите со тоа што нашите партнери ќе ги доведуваме во лоша ситуација, тоа не е нашиот пат. Европа не може да дејствува на таков начин“, посочи германскиот министер.

Во Грција се заглавени околу 50 илјади мигранти, кои не можат да го продолжат патот кон Централна и Северна Европа.

XS
SM
MD
LG