Достапни линкови

Тројца осомничени за тероризам во притвор во Белгија


Белгиското обвинителство денеска соопшти дека на три лица им е одреден притвор, откако беа обвинети за вмешаност во активности на терористичка група. Тројцата биле уапсени за време на серијата рации во Брисел, како и во градовите Мехелен и Дуфел на северот на Белгија. Обвинителството не даде детали за наводните терористички активности или за тоа дали тројцата биле поврзани со самоубиствените бомбашки напади во Брисел минатата недела. Четвртиот уапсен бил ослободен без обвинение, соопшти белгиското федерално обвинителство.

Во меѓувреме, белгиската министерка за здравство Меги Де Блок информира дека бројот на жртви од нападите во Брисел се искачил на 35, меѓу кои се и тројцата бомбаши—самоубијци.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите.

XS
SM
MD
LG