Достапни линкови

Политиката изгубена меѓу нерегуларното и нелегитимното


Анализите за одлуката на Уставниот суд за помилувањето, работата на СЈО и Катица Јанева, интервјуто со германската амбасадорка привлекле најмногу коментари.

„Имајќи ги предвид последните извештаи од ДИК, макар и неформални, дека има еден куп фантомски гласачи‟, напишал Полат Алемдар од Долината на волците по нашата информација дека „Претседателот не може сите да ги помилува“, а во врска со одлуката на Уставниот суд да направи промени во постојниот Закон за помилување, „значи дека последните и оние пред нив избори СЕ НЕРЕГУЛАРНИ. Согласно тоа, претседателот НЕМА ПРАВО ДА ПОМИЛУВА, ЗАТОА ШТО ТОЈ Е НЕРЕГУЛАРНО ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДЕАТЕЛ‟, заклучува Полат Алемдар во коментарот на нашата веб-страница.

Секој поминат ден и час без обвиненија не само што паѓа угледот на новоформираната институција од пари на граѓаните, туку и состојбите за работа сè потешки ќе биваат и за самото СЈО.

Пиле, пак, ѝ забележува на Специјалната јавна обвинителка зошто сè уште нема обвиненија за толку видлив криминал, како што напишал, за време на владеењето на ДПМНЕ, па заклучува: „Секој поминат ден и час без обвиненија не само што паѓа угледот на новоформираната институција од пари на граѓаните, туку и состојбите за работа сè потешки ќе биваат и за самото СЈО‟.

Фејсбук страната на РСЕ има неколку постови во врска со нашиот редовен преглед на неделниците. Различни, се разбира. Потпишан со Некој прашува кој веќе ја смета Јанева за жива и директно се обраќа на нашата редакција: „Престанете да форсирате такви анонимуси и неспособни‟, а Вецан Стојковски му се обраќа на неделникот Република: „Ако Катица не го спречи уривањето на Македонија, тогаш оде јабана македонскиот народ‟. Лирим Беадини, пак, постирал: „Ајде Катица... криминалците во затвор, почнувајќи од главните на ВМРО!‟ Ванчо Дојранлиев смета дека „Република е учесник во мафијашки зделки со самото поддржување на одреден огранок на мафија, во случајов, на државна мафија, и самите сте инволвирани во неа...‟

По неделното интервју за РСЕ, овој пат со германската амбасадорка, Алтхаузер, во кое таа отворено зборува за причините за политичката криза и за важноста од квалитетни избори, Никола Кусиников коментирал на нашата Фејсбук страница: „Бедааа... Амбасадорката на моќната Германија станала портпаролка на Бејли!‟ Но, Ана Кеј ја предупредува амбасадорката: „Пазете се што зборувате зашто лигушот Стевчо Јакимовски ќе ве прогласи за непожелна во Македонија. Тој сега е најголемиот патриот, стана најголем вмровец‟.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG