Достапни линкови

ДИК на терен проверува спорни гласачи


Државната изборна комисија денеска започна со теренска проверка на 89.383 спорни гласачи во Избирачкиот список. Од ДИК велат дека анкетарите се веќе на терен и оти добиваат информации од подрачните единици. Теренската проверка ја вршат анкетари на ДИК за кои беше спроведена обука. Тие ќе ги посетуваат граѓаните на домашна адреса. Доколку не бидат пронајдени дома, анкетарите ќе ги посетат уште еднаш, а доколку и тогаш не бидат најдени, на граѓаните ќе им биде доставено известување за да дојдат во подрачното одделение на ДИК. Од ДИК најавија дека теренската проверка би требало да заврши до 3 април.

XS
SM
MD
LG