Достапни линкови

Мирот и натаму далечна перспектива во Сирија


Мирот и натаму далечна перспектива во Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Мирот и натаму далечна перспектива во Сирија

Долготраен мир во Сирија е далечна и неостварлива цел, бидејќи се соочува со многу воени и политички пречки, велат дел од аналитичарите во таа земја. Според нив, и покрај најновото преземање на античкиот град Палмира од милитантите на ИД, сириските владини сили имаат долг пат пред да ги елиминираат терористите од Сирија.

Според сириската армија, преземањето на Палмира бил смртоносен удар врз милитантите кои го држеа градот под нивна контрола од минатата година и во кој со динамит уништија неколку древни храмови.

Загубата на Палмира, според оценките на аналитичарите претставува еден од најголемите порази на таканаречената Исламска држава откако прогласи калифат во 2014 година во големи делови од Сирија и Ирак.

Сепак, дел од аналитичарите во Сирија велат дека се уште е рано за оптимизам:

„Имаме долг пат да изодиме пред да ги уништиме сите терористички организации, вклучувајќи ја и Исламската држава. Кога ќе ги истераме може да имаме вистински мир во земјата“, изјави Тарек ал Абед, политички аналитичар во Дамаск.

Покрај воените предизвици, владата и опозицијата во моментов се ангажирани во индиректни разговори во обид да се стави крај на долгата граѓанска војна во земјата.

Имаме долг пат да изодиме пред да ги уништиме сите терористички организации, вклучувајќи ја и Исламската држава. Кога ќе ги истераме може да имаме вистински мир во земјата.
Тарек ал Абед, политички аналитичар од Дамаск

Големите разлики меѓу преговарачки страни покажуваат колку е трнлив патот до мирот.

Во Женева, последната рунда на мировните преговори заврши во минатиот четврток со документ од 12 точки што специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија Стафан де Мистура им го предаде на сириската влада и опозицијата на натамошно разгледување.

Прашањето за тоа дали претседателот Башар ал Асад треба да ја напушти функцијата, што е основно барање на опозицијата, повторно беше стопирано во разговорите и се чини дека ниту една страна не е подготвена да попушти.

Има и други тешкотии во врска со тоа како страните да ја спроведатполитичката транзиција во земјата.

„Постојат и други пречки, вклучувајќи го и списокот на членови на привремената комисија, како и формата на идното владеење: дали тоа треба да биде парламентарен или претседателски систем“, вели сирискиот аналитичар Мохамад Аломари.

Според експертите, вклучувањето на повеќе играчи во кризата во Сирија, меѓу нив и Соединетите држави, Русија и Турција, внатрешните секташки конфликти, како и многу други несигурности, претставуваат големи пречки во постигнувањето траен мир и стабилност во земјата.

Интервенција на Русија во септември лани ја сврте водата во полза на претседателот Асад во петгодишниот конфликт.

И покрај прогласеното повлекување на повеќето воени сили пред две недели, руски авиони и хеликоптери вршеле по десетици напади на ден во текот на операциите за освојување на Палмира, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG