Достапни линкови

Кери: Европа во итна ситуација за спречување нови напади


Американскиот државен секретар Џон Кери оцени синоќа дека Европа се соочува со итна ситуација да спречи нови напади по оние на 22 март во Брисел во кој загинаа триесетина луѓе, а над 340 беа ранети. „Мислам дека сите сме загрижени, бидејќи неколку години од Сирија и од другите конфликтни зони се враќаат странски борци и се кријат во разни заедници во Европа“. Рече Кери за телевизијата Си Би Ес. Тој го посети Брисел три дена по нападите при што порача дека европејците мора посилно и понепосредно да се вклучат во борбата против тероризмот, заедно со САД.

XS
SM
MD
LG