Достапни линкови

Талибанците одговорни за нападот во Пакистан


Пакистанска група поврзана со талибанските бунтовници синоќа ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во градот Лахоре на истокот на Пакистан при што загинаа 67 луѓе, а 300 беа ранети. Претставник на групата Џамал ул Ахрара изјави дека самоубиствениот напад бил против христијанската заедница во Пакистан на денот на Велигден. Локалната полиција соопшти дека нападот се случил во близина на еден забавен парк наменет за деца. Се прецизира дека меѓу повредените имало и 50 деца.

XS
SM
MD
LG