Достапни линкови

ДИК ја почнува теренската проверка


Од денеска, како што најави претседателот на ДИК Александар Чичаковски, почнува теренската проверка на спорните гласачи. Според него, Државната изборна комисија ги прави сите напори за да бидат запазени законските рокови. Од ДИК најавија дека теренската проверка би требало да трае од 10 дена до две недели, односно да заврши до 3 април. ДИК првично реши да не ги проверува гласачите кои се водат како надвор од земјава но, Чичаковски во интервју за Алсат рече дека во комисијата има повторни консултации за проверката на над 124 илјади граѓани на привремен престој во странство, кои проверката ги исфрли како спорни гласачи.

XS
SM
MD
LG