Достапни линкови

ДИК утре почнува со теренска проверка


Претседателот на ДИК Александар Чичаковски денеска изјави дека материјалите за анкетирање на спорните гласачи се доставени до подрачните одделенија на комисијата, а од утре започнува теренската проверка.

- Од утринава се доставени сите материјали до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Вработените во подрачните одделенија, со помош на кадар од другите инстиитуции, напорно работи да го обработи материјалот, истакна Чичаковски.

Според Чичаковски, Државната изборна комисија ги прави сите напори за да бидат запазени законските рокови.

- Во однос на 124 илјади спорни гласачи на привремена работа или престој во странство ДИК има донесено одлука во рамки на Комисијата да се направат дополнителни консултации за да се види како да се постапува во однос на овие граѓани, рече Чичаковски.

Бојана Герасова, раководител на подрачното одделение во Центар, информираше дека во општините Аеродром и Центар треба да бидат проверени 6.700 спорни гласачи.

XS
SM
MD
LG