Достапни линкови

Асад го поздрави преземањето на Палмира



Сирискиот претседател Башар ал-Асад го поздрави повторното преземање на античкиот град Палмира од војската и рече дека тоа е " важно достигнување "што укажува на успехот на борбата на сириската војска против тероризмот. "Ослободувањето на Палмира е важен успех и уште еден показател за успехот на сириската армија и нејзините сојузници во борбата против тероризмот ", изјави Асад пред делегацијата на француски парламентарци во Дамаск. Тој исто така ја критикуваше глобалната коалиција за борбата против ИД во Сирија и Ирак, истакнувајќи дека победата на сириската армија "покажува дека коалицијата - предводена од САД, која вклучува и повеќе од 60 земји -. Не е сериозна во врска со борбата против тероризмот".Претходно Сириската државна телевизија, објави во текот на денот дека владините трупи, поддржани од руските сили, ја ослободија Палмира од милитантите на ИД. Сириската телевизија објави дека армијата во целост го контролира градот и оти се чистат мините и бомбите поставени од милитантите.

XS
SM
MD
LG