Достапни линкови

Белград: нападнати активисти на Демократската партија


Полицијата приведе четири лица осомничени дека учествувале во напад врз активисти на Демократскатa партија во белградскатa општина Звездара, соопшти полицијата. Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ осудувајќи го нападот, рече дека дека насилството во Србија нема да се толерира. Во нападот е повреден еден активист на Демократската партија кој бил во групата која разговарала со граѓаните во општинатa Звездара,

Партијата информираше дека кога излегле од автобусот се создала група која почнала да ги навредува, нарекувајќи ги тајкуни и крадци, а потоа почнал нападот врз нивните активисти при што било фрлено со шише. Еден активист бил повреден и е однeсен со возило на Итната помош

Меѓу нападнатите се и потпретседателот на партијата Драган Шутановиќ.

Инцидентот се случил кога активистите дошле на пазар во рамки нa Белградскиот караван кој ги обиколува штандовите на Демократскатa партија поствени во градот.

XS
SM
MD
LG