Достапни линкови

Во велигденската порака Папата и за мигрантите


Папата Франциско зборуваше против "отфрлањето " на мигрантите и бегалците за време на неговата традиционална Велигденска порака. Папата зборуваше за насилство, неправда и закани за мирот низ целиот свет, под силно обезбедување на плоштадот Свети Петар, каде што се собраа десетици илјади луѓе. Говорејќи од централниот балкон на базиликата Свети Петар, Фрациско ги повика католиците "да не ги забораваат мажите и жените кои бараат подобра иднина, вклучително и голем број деца - кои бегаат од војна, глад, сиромаштија и социјална неправда. Тој исто така, повика светот да го користи" оружјето на љубовта "да се бори против злото" и против слепите и брутални насилства. По нападите во Брисел претходно оваа недела Папата Франциско во повеќе наврати искажа осуди за нападите.

XS
SM
MD
LG