Достапни линкови

Во Турција операција прoтив приврзаници на "паралелна држава"


Шестнаесет лица се приведени во операција против „терористичката групација на Ѓулен и паралелната држава“, спроведена во осум турски окрузи, јави Анадолија.

Главниот дел од операцијата е спроведен во Муш, во источна Турција, a акции имало и во Истанбул, Агра, Анкара, Измир, Ајден, Балкесир и Елјазаг.

Десетина од лицата се приведени во Муш, а по едно лице се уште се трага.

Оваа операција е против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД. Досега 439 лица, меѓу кои 205 полицаји и 34 војници се уапсени од 2014-2015 година во операциите во Турција против „паралелната држава“.

XS
SM
MD
LG