Достапни линкови

Шпекулации ги вратија мигрантите во Идомени


Дел од бегалците повторно се вратија во кампот Идомени откако слушнале дезинформации дека границата ќе биде отворена. Повеќе десетици мигранти се собрале на железничките пруги во Идомени и кај граничната ограда пеејќи и чекајќи да пристигнат и останатите, додека покрај нив стражарат грчките полицајци со опрема за разбивање демонстранти.

Млад сириски мигарнт им кажал на грчките медиуми дека странски невладини организации им лиферувале информации дека границата денеска ќе била отворена и дека ќе им помогнат да влезат во Македонија со сила пробивајќи ја оградата.

XS
SM
MD
LG