Достапни линкови

logo-print

Сандерс ја победи Клинтон во Аљаска, Вашингтон, Хаваи


Демократскиот претседателски кандидат Берни Сандерс победи на партиските избори , во Аљаска, Хаваи и Вашингтон. Со големите победи во трите држави Сандерс се врати во трката со фаворитката Хилари Клинтон која има значителна предност во бројот на освоени делегати. Сандрерс освоил повеќе од 70 отсто од гласовите во сите три држави. По гласањето на 26 март, Клинтон води пред Сандерс со околу 300 делегати во трката за 2.382 делегати потребни за да биде номиниран во јули на конвенцијата на партијата во Филаделфија. Со поддршката на суперделегатите - односно лидерите на партиите кои може да поддржат кој било кандидат - Клинтон има подршка од 1.690 делегати, а Сандерс 946.

XS
SM
MD
LG