Достапни линкови

Зградата на аеродромот во Брисел е стабилна


Тим од инжинери и техничари соопшти дека зградата на аеродромот во Брисел е стабилна по нападите на 22 март и оти се е подготвено за поставување привремени шалтери за првите патници. Аеродромските служби наведоа дека прелиминарната истрага на терминалот не покажала дека постои проблем во врска со стабилноста на конструкцијата на зградата и оти лентите за багажот исто така се безбедни.

Аеродромот, низ кој годишно минуваат 23,5 милиони патници нема да биде отворен пред вторник кога ќе продолжат летовите. Во трите експлозии на ародромот и на метро станицата во Брисел во вторникот загинаа 31 лице а околу 300 се повредени.

P

XS
SM
MD
LG